Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

По повод Денот на Бошњаците промовирана книгата „Велика медреса во Скопје (1925–1941)“ од академик проф. д-р Изет Шаботиќ

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во Скопје беше промовирана капиталната научно-историска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во Скопје беше промовирана капиталната научно-историска монографија „Велика медреса во Скопје (1925–1941)“ од академик проф. д-р Изет Шаботиќ.

Промоцијата се одржа во петок, 25 септември 2026 година, на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, во организација на Здружението за култура, заеднички вредности и одржлив развој „ДИВАН“, како дел од одбележувањето на 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.

Пред присутните гости од академскиот, културниот и општествено-политичкиот живот за книгата говореа академик Ферид Мухиќ, проф. д-р Реџеп Шкријељ, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ и авторот академик Изет Шаботиќ. 

Реклама

Книгата претставува резултат на долгогодишно истражување и обработка на повеќе од 2.200 архивски документи, преку кои авторот ја реконструира историјата на Велика медреса во Скопје, која дејствувала во периодот 1925–1941 година. Како што беше истакнато на промоцијата, делото не е само историја на една образовна институција, туку сведоштво за времето, положбата на муслиманското население и создавањето на една нова интелектуална генерација на Балканот.

Посебно беше нагласено дека од клупите на Велика медреса излегле бројни интелектуалци, професори, правници, судии, општествени дејци и антифашисти. Во контекст на значењето на книгата за современото време, проф. Д-р Рамчиловиќ се осврна и на потребата од соочување со историските факти и зачувување на културата на сеќавање. Тој посочи дека токму научното истражување, архивските документи и фактите се најсилниот одговор на историскиот ревизионизам и негирањето на историските вистини.

Промоцијата во Скопје беше и потсетување дека културното и историското наследство не припаѓа само на една заедница, туку претставува дел од пошироката историја на Скопје, Северна Македонија и Балканот.

Здружението „ДИВАН“ упатува благодарност до авторот академик проф. д-р Изет Шаботиќ, промоторите, Меѓународниот балкански универзитет, сите институции, организации и гости кои со своето присуство придонесоа кон успешното одбележување на Меѓународниот ден на Бошњаците.