Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Европската недела на спортот продолжува со „BeActive“ ден во Кочани

Промоција на физичката активност, здравите животни навики и спортот како дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промоција на физичката активност, здравите животни навики и спортот како дел од секојдневието е во фокусот на годинашната Европска недела на спортот, која преку низа настани во Скопје и Кочани ќе ги обедини рекреативците, младите, семејствата и професионалните спортисти.

Како што соопшти Министерството за спорт, во програмата е предвиден денешниот „BeActive ден“ во Кочани, кој ќе се одржи во Паркот на Револуцијата со почеток во 10 часот. Настанот ќе опфати трка на четири километри, како и целодневна програма исполнета со спортски и рекреативни содржини.

На 28 септември во СОС Детско Село во Скопје ќе се одржи „Family Move Day“ – семеен спортски ден посветен на заедничкото движење, спортот и активно поминатото време со семејството.

Реклама

Европската недела на спортот ќе биде затворена на 30 септември со „Fitness Championship“, што ќе се одржи во Градскиот парк кај Школка во Скопје.

Од Министерството за спорт посочуваат дека целта на манифестацијата е да се подигне јавната свест за значењето на редовната физичка активност и да се мотивираат граѓаните, без оглед на возраста, да бидат поактивни и да усвојат здрави животни навики.

Европската недела на спортот годинава беше отворена на 23 септември со настани во „Скопје Сити Мол“ и во паркот „Расадник“ во Општина Кисела Вода.