– Во дворот на Јавното претпријате „Лајка“ денеска од 11:00 до 15:00 часот, во дворот на ќе се одржи настанот „Чинија љубов“, во чии рамки граѓаните заедно ќе подготвуваат оброци за кучињата кои сè уште го чекаат својот дом и ќе поминат време со нив.
-„Чинија љубов“ е граѓанска иницијатива за готвени оброци за кучиња. Во двете досегашни акции биле нахранети повеќе од 80 кучиња – велат од ЈП Лајка.
Со настанот во „Лајка“, велат оттаму, иницијативата ја отвора подготовката на оброците за пошироката заедница и создава можност граѓаните одблиску да ги запознаат кучињата.
-Специјална гостинка ќе биде проф. д-р Наташа Ѓорговска, научен советник при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за сточарство и рибарство и авторка на книга посветена на деликатеси и готвени јадења за кучиња и мачки. Книгата ќе биде достапна на настанот, а собраните средства ќе бидат донирани за потребите на Лајка – информираат од јавното претпријатие.
Посетителите ќе можат да добијат и информации за фостер програмата на Лајка. Граѓаните кои сакаат да учествуваат во готвењето треба да се пријават и да купат намирници според информациите во формата за пријавување.

