Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Граѓански форум „Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“

Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите при Европскиот парламент,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите при Европскиот парламент, во соработка со Собранието на Македонија, денеска и утре организира Граѓански форум „Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“.

Како што соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, овој значаен настан ќе собере 50 избрани граѓани, пратеници во Европскиот парламент, пратеници во Собранието и национални експерти за да разговараат за патот на земјата кон интеграција во ЕУ и за улогата на граѓаните во обликувањето на демократската иднина на земјата.

Форумот ќе биде отворен во 9.30 часот со официјална пленарна сесија на која ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши и Лукас Мандл, водечки пратеник за Западен Балкан во Европскиот парламент.

Реклама

На отворањето исто така ќе говорат членовите на делегацијата од Европарламентот – Томас Вајц, австриски европратеник од Зелените, кој е и постојан известувач на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин, европратеникот од Грција Костас Арванитис и Ондрус Бранисла, европратеник од Словачка.

-Овој форум е единствена можност граѓаните активно да учествуваат во обликувањето на европската иднина на земјата. Со обединување на различни чинители, се стремиме да го зајакнеме демократскиот ангажман и да обезбедиме процесот на проширување на ЕУ да ги одразува аспирациите на луѓето – изјави Лукас Мандл.

Во рамки на форумот ќе се одржи пленарна сесија и неколку тркалезни маси посветени на иднината на проширувањето.