Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска ќе ја промовираат дигиталната алатка за пријавување онлајн вознемирување на новинарки и медиумски работнички.
-Новинарките и медиумските работнички во последните години се повеќе се цел на напади, навреди, закани особено во онлајн сферата. Ваквите алатка која овозможува полесно и поефикасно пријавување на овие напади кои сериозно влијаат врз слободата на изразување и работата на новинарките, е од особено значење за следење и анализа, а со тоа и за поефикасна борба против оваа појава, наведуваат „Еднаква“ и ССНМ.
Го каниме вашиот медиум да го покрие овој настан со цел пошироката јавност да биде запознаена со последиците од онлајн вознемирувањето, како и за кревање на свеста од потребата новинарките слободно да ги извршуваат своите работни задачи кои се од јавен интерес.

