Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс Арибе, советникот Гијом Рендино и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

Претседателката, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ја поздрави посетата на француските сенатори и активниот ангажман на Групата за парламентарно пријателство во поддршката на регионот на патот кон ЕУ. Таа ја нагласи важноста на континуираниот политички дијалог и на парламентарната соработка, во духот на принципите и вредностите утврдени во основачките акти.

-Сиљановска-Давкова укажа на неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел, којшто, наместо преку Копенхаген, врвел преку метрополите на соседите, членки на ЕУ, соочувајќи се со препреки и услови од идентитетска, наместо од реформска природа, информира Кабинетот. 

Реклама

Таа потсети дека уште во 1992 година, Бадентеровата комисија позитивно ја оценила нашата уставна усогласеност со Европската конвенција за човекови права и со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а во 2022, Венецијанската комисија во Мислењето за Законот за употреба на јазиците, констатирала повисоки стандарди на заштита на малцинските права од европските.

Според  Сиљановска-Давкова, на македонскиот евроинтеграциски парадокс, кога, по десетина позитивни годишни извештаи за почитување на правата на заедниците, за прв пат, во 2023 година, во Извештајот на бугарскиот пратеник Илхан Ќучук се констатира потребата од внесување на Бугарите во нашиот устав, врз основа на вториот записник/протокол на Македонско-Бугарската комисија за историски и образовни прашања, потпишан од министерот Османи и министерката Генчовска, иако во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, таква одредба нема.

-Таа прашува: може ли со записник/протокол, двајца министри да „амандманираат“ билатерален договор; може ли услов од записник да стане дел од Заклучоците на Советот, а тоа да не се проблематизира и спори; може ли некоја држава да бара од друга промена на уставот, а да се заборави на филозофијата на Договорот за ЕУ, односно одредбите за почитување на: националниот и културниот идентитет на државите и нациите, уставните и политичките структури, интегритетот и дигнитетот на граѓаните; може ли некој во демократска држава да гарантира уставни измени, кога пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување?, наведуваат од Кабинетот.  

Македонскиот Устав, односно членот 48 и амандманот VIII, напомена претседателката, ги гарантираат малцинските права не само на наброените заедници во Преамбулата, туку на „другите“, за разлика од бугарскиот, којшто, освен антидискриминаторската клаузула од членот 6, не содржи ниту една гаранција, па Венецијанската комисија, во Мислењето од 2008 и препорачува со уставна измена да го стори тоа.

Сиљановска-Давкова го афирмираше и прашањето за односот на Бугарија кон пресудите на Судот за човекови права во Стразбург, во којшто има и свој судија.  

Претседателката на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан, Марта де Сидрак, изрази разбирање за состојбата во којашто се наоѓа земјава и ја потврди француската поддршка за нејзината европска перспектива, потенцирајќи дека државите од Западен Балкан заслужуваат членство во ЕУ врз основа на мерит системот. Таа изрази уверување дека Групата за пријателство Франција–Западен Балкан ќе продолжи да го негува дијалогот, европските вредности и наследството на Робер Бадентер, како нејзин основач.