Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Македонија и Бугарија на вториот состанок на Мешовитиот комитет во Скопје, ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Бугарија на вториот состанок на Мешовитиот комитет во Скопје, ја истакнаа својата посветеност за забрзување на постапките за изградбата на прекуграничниот железнички тунел, соопшти Министерството за транспорт.

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, изрази задоволство од постигнатиот напредок и заедничката работа.

Таа ја потврди посветеноста за забрзување на постапките и ја потенцира добиената поддршка од Европската Унија и финансиските институции за финансирањето на тунелот.

Реклама

Заменик-министерката за транспорт и врски на Бугарија, Цвета Тимева, ја потврди подготвеноста на Бугарија да го води спроведувањето на постапки согласно бугарското и европското законодавство при изградбата на прекуграничниот железнички тунел.

– Нашата земја ќе даде силен поттик на проектот, соопшти заменик-министерката Тимева.

Таа ја информираше македонската страна дека во првата половина на 2027 година Бугарија ќе биде домаќин на регионалниот Самит посветен на поврзаноста. Ова е можност клучните инфраструктурни проекти да бидат претставени во поширока европска рамка со цел привлекување инвестиции, се наведува во соопштениеот од Министерството за транспорт.