Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Скопје во знакот на танцот и пријателството: Се одржа парадата на нации во рамките на IDO европското првенство

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денес се одржа Парадата на нации, свечен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денес се одржа Парадата на нации, свечен настан во рамките на IDO European Dance Championship 2026 – Skopje, кој ги обедини учесниците околу заедничките вредности на танцот: пријателство, почит, посветеност и заедништво.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, директорката на Централниот регистар, извршниот директор на Македонски Телеком, повеќе амбасадори и претставници на државни институции. Нивното присуство му даде дополнително значење на меѓународниот карактер на првенството и на улогата на Скопје како домаќин на настан што ги поврзува младите, уметноста и различните култури.

Парадата беше можност учесниците заеднички да ги претстават своите земји и да ја споделат гордоста што се дел од европската танцова сцена. Во средиштето на оваа свеченост беа младите и нивната способност преку танцот да создаваат пријателства, да разменуваат искуства и да градат меѓусебна почит, надминувајќи ги јазичните и културните разлики.

Реклама

Денешниот настан е дел од деветдневното европско првенство, кое од 21 до 29 септември во Скопје обединува повеќе од 2.900 танчери од 26 земји. Со ваквиот меѓународен опфат, првенството претставува значајна можност за промоција на Македонија како дестинација за големи танцови, спортски и културни настани.

Натпреварувачката програма опфаќа класичен балет, џез-танц, модерен и современ танц, како и сценска импровизација. На сцената во СЦ „Борис Трајковски“ учесниците ги претставуваат својата техника, креативност и уметнички израз, зад кои стојат години тренинг и работа со нивните тренери и кореографи.

Првенството се одржува во рамките на Меѓународната танцова организација – IDO (International Dance Organization), основана во 1981 година. Оваа светска организација за танц и танцов спорт поврзува повеќе од 90 земји преку својата мрежа на членки и контакт-

претставништва и претставува заедница од над 500.000 танчери на шест континенти. Нејзините првенства се простор за меѓународно натпреварување, афирмација на талентите и развој на танцовата уметност.

За домашната танцова сцена, организацијата на вакво првенство отвора можност за непосредна размена на знаења и искуства со меѓународната танцова заедница. За Скопје, тоа е можност преку гостопримството, организацијата и културната понуда да остави силен впечаток кај учесниците и нивните придружници.

IDO European Dance Championship 2026 продолжува до 29 септември, а публиката има можност во СЦ „Борис Трајковски“ да ги проследи преостанатите натпреварувачки денови и настапите на европските танчери.