Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Муцунски на GRIP: Можеме да им даваме задачи на машините, но не можеме да ја делегираме одговорноста

Можеме да делегираме задачи на машините, но не можеме да ја делегираме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можеме да делегираме задачи на машините, но не можеме да ја делегираме одговорноста, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на настанот во рамки на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP) што се одржа на маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во своето обраќање, Муцунски се осврна на предизвиците што брзиот развој на новите технологии, особено вештачката интелигенција, ги поставува пред институциите, регулаторните системи и општествата. Тој нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

Тој нагласи дека современата регулатива треба да создава простор за иновации, но и соодветни механизми за заштита, пропорционални на ризиците.

Реклама

Министерот посебно ја акцентираше потребата од поголема меѓународна регулаторна соработка, размена на искуства и активно вклучување на помалите држави во обликувањето на глобалните правила и стандарди за новите технологии. Како ѓто напомена, токму меѓународната соработка и развојот на практични, приспособливи регулаторни решенија се меѓу клучните цели на GRIP. 

Осврнувајќи се на Македонија, Муцунски истакна дека дигиталната трансформација претставува конкретна можност за зголемување на конкурентноста на домашните компании, отворање нови перспективи за младите и обезбедување поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги од институциите. Во таа насока, повика на развој на конкретни регулаторни пилот-проекти, споделување успешни практики и создавање решенија што ќе бидат достапни и применливи за држави со различни институционални капацитети и ресурси.

-Интелигентната ера ќе го тестира квалитетот на нашето расудување исто колку и моќта на технологијата. Потребна ни е храброст да иновираме и мудрост да го зачуваме она што му дава смисла на напредокот, порача министерот Муцунски.

Настанот беше организиран од Генералниот секретаријат на Кабинетот на Обединетите Арапски Емирати и Светскиот економски форум.

Глобалната платформа е заедничка иницијатива на ОАЕ и Светскиот економски форум, насочена кон развој на современи и флексибилни регулаторни пристапи во услови на забрзан технолошки развој.