Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Под мотото „Од срце за Тоше“ од Нова Градишка велосипедистите стигнаа во Крушево

Шестмина македонски велосипедисти, од Кавадарци, од Скопје, по 930 поминати километри од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шестмина македонски велосипедисти, од Кавадарци, од Скопје, по 930 поминати километри од Нова Градишка, Хрватска до Крушево, денеска пристигнаа на Гумење, на вечното почивалиште на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Велосипедската тура „Од срце за Тоше“ ја одржаа по 9-ти пат. 

Велосипедистите тргнаа на 19 септември од Нова Градишка и возеа дневно по околу 150 километри. 

На вечното почивалиште на Тоше се поклонија шестмината велосипшедисти: Драган Јованов, Владимир Канзуров, Оливер Стојановски, Горанче Богоевски, Александар Гарача и Горан Стојанов. 

Реклама

-Ова е деветта година по ред на велосипедската тура од Нова Градишка, Хрватска до Крушево. Како и претходните осум, така и оваа година измешани емоции, гордост, тага. Гордост што го имавме Тоше, човекот со ангелски глас, со големо срце кој, каде и да беше, ширеше љубов и добрина. Тагата останува за неговото прерано заминување од овој свет, рече Драган Јованов, иницијаторот на оваа велосипедска тура насловена „Од срце за Тоше“.

Велосипедистите беа придружувани од нивни спортски колеги од Хрватска и од Србија со кои заедсно му оддадовме почит на ангелот Тоше. 

-Нашето срце ќе биде полно доколку ние со оваа наша мисија придонесуваме делата што ги остави Тоше никогаш да не се заборават, рече Јованов.

Голема чест е, н и тажно е за велосипедистите кога ја возат велоисипедската тура за Тоше.

-Секоја година сме тажни што возиме за Тоше, а него го нема. Но горди сме и со почит за Тоше. Кога стигнуваме на Гумење, сфаќаме дека целта е исполнета. Срцето чука многу посилно, рече велосипедистот Владимир Канзуров.

Велосипедистите ја посетија и спомен куќата на Тоше Проески на Гумење.