Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Проштална средба на претседателот Гаши со британскиот амбасадор Метју Лосон

Во Собранието денеска се одржала проштална средба на претседателот на Собранието Африм…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се одржала проштална средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со британскиот амбасадор Метју Лосон, на која биле констатирани одличните билатерални односи меѓу земјава и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика.

-Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата – соопшти собраниската прес-служба.

Амбасадорот Лосон изразил задоволство од одличната соработка со Собранието за време на неговиот мандат, како и од севкупните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија. Изразил уверување дека истата ќе продолжи со несмалена динамика и со идната амбасадорка.

Реклама

Двајцата соговорници размениле мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес.

-Беше потенцирано значењето на Стратешкото партнерство и Договорот со кој се уредуваат трговските односи меѓу двете земји, како и водечката улога на Обединетото Кралство клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија – наведуваат од собраниската прес-служба.

Оттаму додаваат дека како знак на благодарност за исклучителниот амбасадорски ангажман и промовирање на односите меѓу двата парламента, претседателот Гаши му врачил пригоден подарок на амбасадорот Лосон.