Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Денови на германскиот јазик во Скопје, Тетово и Штип 

Амбасадите на Австрија, Германија и Швајцарија заедно ќе ги организираат Деновите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадите на Австрија, Германија и Швајцарија заедно ќе ги организираат Деновите на германскиот јазик – едномесечна програма во Скопје, Тетово и Штип, која ќе опфати разновидни настани и активности посветени на германскиот јазик, културата и јазичната разновидност.

Програмата ќе почне в понеделник (28 септември 2026) од 19.30 часот во „Roosty“ во Скопје, со динамична вечер на квиз и караоке, посветена на европските јазици, Ќе учествуваат специјални гости од домашната музичка и забавна сцена. 

-Програмата во Скопје продолжува со час по готвење со амбасадорите на Австрија,  Германија и Швајцарија за учениците од угостителско-туристичкото училиште „Лазар Танев“, како и со настап во живо на берлинскиот диџеј Ayū во Музејот на современата  уметност, во рамки на „Бела ноќ“ на 3 октомври. Ќе бидат прикажани и швајцарскиот  филм „Hallo Betty“ во Кинотеката, австрискиот филм „Moon“ за студентите на УКИМ,  како и германската продукција „Prange – Man ist ja Nachbar“, во присуство на актерот Божидар Коцевски, роден во Северна Македонија, кој живее и работи во Германија, соопштија организаторите. 

Реклама

Дополнителни содржини во програмата се организираните обиколки на Скупи од  страна на Германскиот археолошки институт на 9 октомври, настапот на германската  стендап-комичарка Јана Џорџ, како и проект во Меморијалниот центар на холокаустот и работилница за театарски превод за студенти во „Јуроп хаус Скопје“.

Деновите на германскиот јазик ќе допрат до публиката и надвор од главниот град. Во Тетово ќе се одржат три настани: проекции на австрискиот филм „Moon“ и швајцарскиот филм „Hallo Betty“, како и стендап-комедија со Јана Џорџ. Покрај тоа, германскиот актер Божидар Коцевски ќе се врати во својот роден град Штип како специјален гостин на филмската вечер на Универзитетот во градот.

-Под мотото „Deutsch baut Brücken“ – „Германскиот јазик гради мостови“, програмата  обединува различни публики и формати, истакнувајќи го јазикот како средство за културна размена, средби и поврзување. Оние кои не зборуваат германски јазик ќе може да уживаат во музичките настани, да ги следат филмовите со превод и да учествуваат во одредени обиколки на Скупи на македонски и англиски јазик. Влезот за сите настани е бесплатен, наведуваат организаторите на Деновите на германскиот јазик.