Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Клековски: Заврши пријавувањето за вработување 300 приватни специјализанти, следува нивно усогласување со потребите на болниците

Заврши пријавувањето на повикот на Министерството за здравство за вработување 300 специјализанти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши пријавувањето на повикот на Министерството за здравство за вработување 300 специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на 2026 година, а во тек е усогласување на нивниот интерес со потребите на болниците, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски при посетата на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Клековски посочи дека приоритет при вработувањето ќе имаат болниците надвор од Скопје, согласно нивните потреби и недостигот од специјалистички кадар.

– Пријавувањето на интерес заврши и сега во моментот се работи на усогласување на искажаниот интерес на специјализантите и на искажаните потреби на болниците. Ние не сакаме никому да наметнуваме со сила дека треба да примаат само затоа што имаме интерес од специјализанти, секако треба да има потреба во соодветната болница. Приоритет се сите други болници освен во Скопје. Штом ги имаме резултатите од поврзувањето, што ќе биде многу наскоро, ќе искомуницираме во јавноста и ќе дадеме насоки болниците да ги започнат постапките за вработување, кои ќе бидат со огласи, повици, тестирања и така натаму, рече Клековски.

Реклама

Во однос на состојбата со кадарот во здравствените установи, тој истакна дека потребите треба да се согледуваат регионално, а не само институционално.

– Мораме да бидеме свесни дека недостигот на лекари и медицински сестри не е македонски, не е европски, глобален е тој проблем и недостигот само ќе се зголемува, тој нема да се намалува, многу причини влијаат на тоа. И во тој поглед мислам дека она што ние мораме да го правиме во иднина е да ги гледаме сите установи заедно: имате центри за јавно здравје, има здравствени домови, има општи болници, има специјални болници. И мислам дека мораме да почнеме да ги гледаме сите заедно бидејќи оптовареноста на едно место можеби значи дека има слободен капацитет на друго место и ќе мора и здравствените работници да бидат пофлексибилни во однос на достапноста, посочи министерот.

Тој додаде дека генерално има недостиг од медицински сестри, инструментарки и друг сличен кадар, посочувајќи дека активно се работи на надминување на проблемот.

– Се залагам во Владата и во Министерството за финансии да се олесни процедурата на замена на пензионираните здравствени работници, да нема толкава администрација за нешто што е веќе буџетирано. Во основа, целиот концепт на проверка на вработувањата е дали има обезбедено средства, за да не се отвораат работни места што немаат обезбедено средства. Меѓутоа, кај оние што заминуваат во пензија тие средства се обезбедени и се залагам да го скратиме периодот на одлучување и одлуките да бидат поврзани со работните места во текот на одреден период, бидејќи сега се јавува дополнителен проблем со флуктуација на здравствениот персонал. Значи, има премногу администрација што ги кочи одлуките, рече Клековски.

Тој додаде дека е во постојана комуникација со директорите на здравствените установи во однос на оваа проблематика и дека се бараат начини за нејзино надминување.