Поради најавите за дожд, програмата на фестивалот „Гола месечина“ предвидена за вечер се одложува и ќе се реализира во понеделник, соопштија денеска од Општина Аеродром.
– Фестивалот продолжува според планираното во сабота и недела, додека програмата предвидена за вечер ќе биде реализирана во понеделник – појаснија оттаму.
Од локалната самоуправа потсетија дека во паркот „Авионче“ ќе се реализираат фестивалски денови исполнети со музика, забава и добра атмосфера.

