Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Регионална младинска работилница во Делчево со фокус на ромската култура, идентитет и традиции

Делчево е домаќин на Регионална младинска работилница која обединува 30 истакнати лидери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево е домаќин на Регионална младинска работилница која обединува 30 истакнати лидери од Македонија, Србија и Албанија во рамките на регионалната иницијатива и проектот „Нашите приказни, нашите гласови: Ромската младина за регионални промени“.

Проектот има за цел да ги промовира меѓукултурниот дијалог, учеството на младите, социјалната вклученост и регионалната соработка и преку размена на искуства, раскажување лични и дигитални приказни, културна размена и заеднички активности, младите ќе имаат можност да се запознаат, да учат едни од други и да развиваат нови партнерства и иницијативи кои ги надминуваат границите. Посебно внимание се посветува на ромската култура, идентитет и традиции.

На првиот ден од работилницата, присуствуваа заменик-министерот за односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кои го споделија задоволството од настанот кој има порака за активни млади и нула толеранција на предрасудите и стереотипите.

Реклама

– Верувам дека секоја заедница има свои приказни. Приказни за предизвиците, за успесите, за традицијата, за културата, но пред сè – приказни за луѓето. Но, кога младите сами ги раскажуваат тие приказни, тогаш не зборуваме само за културна промоција, туку и за достоинство, еднаквост и активно учество во општеството. Како локална самоуправа, нашата определба е да создаваме услови младите да не бидат само публика, туку активни учесници и носители на промени. За нас, активни млади значи млади кои имаат простор да зборуваат, да предлагаат, да создаваат, да се поврзуваат и да придонесуваат во својата заедница, нагласи Гоцевски.

Заменик-министерот во Министерството за односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа, во своето обраќање го поздрави присуството на учесниците и изрази задоволство што невладината организација успеала да ги обедини младите и учесниците во рамки на овој проект.

 Тој посочи дека проектот, поддржан од Министерството, претставува успешен пример за соработка и можност за воспоставување нови контакти и пријателства меѓу младите од различни држави. Тој изрази надеж дека во следните години ќе се реализираат повеќе слични проекти, со уште поголемо учество на млади од различни земји, оценувајќи дека токму младите се важен дел од иднината, како на ваквите иницијативи, така и на институциите и општеството во целина.

Инаку, проектот „Нашите приказни, нашите гласови: Ромската младина за регионални промени“ е дел од шемата за грантови „Иницијативи од локално ниво“ (GGI), кофинансирана од Фондот за Западен Балкан и Европската Унија. Носител на проектот од Македонија е ТЕРНИПЕ МК од Делчево.