Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Од 16 илјади завршени деветтоодделенци , околу 70 проценти од нив годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 16 илјади завршени деветтоодделенци , околу 70 проценти од нив годинава избраа струка наместо гимназија. Вкупно 11.010 ученици се запишале во стручно образование, наспроти 5.102 во гимназија. Бројките покажуваат дека интересот на младите се повеќе се насочува кон образование што освен знаење, им нуди и конкретни вештини и можност побрзо да влезат на пазарот на трудот.

Најголем интерес има за струките здравство и социјална заштита, каде се запишале околу 2.200 ученици, потоа економија и право со околу 2.000, електротехника и информатика со околу 1.500, машинство со околу 800 и лични услуги со околу 700 ученици. Најмал интерес има за шумарство, рударство и графичарство.

Бројките не се совпаѓаат во целост со она што му е потребно на стопанството. Основците најчесто избираат професии според нивните афинитети, но и  дел од нив избираат одредени училишта затоа што не успеале да се запишат таму каде што првично сакале.

Реклама

„Изборот на професијата не зависи само од тоа кои професии се потребни на пазарот на трудот. Имаме примери каде што таткото има успешен бизнис во одредена област, но детето сака да студира нешто сосема друго и не сака ни да го продолжи бизнисот. Зависи од афинитетот на децата. Да речеме запишувањето на децата во средното медицинско училиште. Тоа од една страна ќе речеш „а добро е бидејќи ни фали медицински кадар, но прашањето е дали нашиот здравствен систем може 2200 деца да прими наеднаш и дали идејата на тие деца е да отидат во Германија. “- вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Според работодавачите, недостиг на кадар има во речиси секој сектор. Но најистакната е потребата на работна сила во угостителството, градежништвото и земјоделството. Затоа учениците треба да се поттикнат да ги изберат токму овие струки и уште во средно образование да имаат можност да се запознаат со професијата.

„Најпрво училиштата треба да направат добра промоција на нивното школо. Значи да има денови пред уписот каде што ќе ги повикаат родителите и учениците, да ги запознаат во какви услови работат, што ќе учат нивните деца со какви наставни помагала ќе имаат, што ќе им се овозможи воопшто. А потоа да се повикаат во исто време компаниите каде што ќе им презентираат на тие деца дека ете ако дојдат во фабрика месечно ќе им даваат износ како вид стипендија, кај нив да им биде загарантирана работата.“ – вели Димитров.

Државата се повеќе става акцент на модернизацијата на стручното образование со нови наставни програми и содржини со цел учениците да стекнат знаења и вештини што одговараат на потребите на пазарот на трудот.

„Младите одбираат стручно поради тоа што е модернизирано, со нови наставни програми (додадени зелени вештини, дигитални вештини, СТЕМ) и поради тоа што нуди перспектива – полесно вработување, но и добра основа за понатамошна надградба на технички факултети.“- велат од Министерството за образование и наука.

Дополнително, МОН обезбедува 1.580 стипендии за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки. Во овој модел практичниот дел од наставата се реализира во компанија, односно учениците учат директно на работното место.