Реклама

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Македонија

19 септември 1942: Рампо Левков Левката, поет и револуционер без гроб, убиен со крвничко тепање и фрлен во варница

Неговата биста е во Алејата на народните херои во Прилеп. Неговото име…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неговата биста е во Алејата на народните херои во Прилеп. Неговото име е врежано на споменикот на стреланите во Дабница. Ама неговото тело до ден-денес не е пронајдено. 

Рампо Левков Левката, народен херој од НОБ и народната револуција од Прилеп, прекален борец за народна правда и слобода има трагична, но, и мистериозна животна приказна. Вљубеникот во старите грчки, но и понови европски филозофи, во литературните дејци, во поезијата и неуморниот борец за барем малку правда на сиромашните и на обесправените, како адвокат, е десетина години постар од генерацијата борци-партизани кои го почнаа Народното востание на 11 октомври 1941-та. Но, не помалку заслужен. Бил поттикнувачот на народното движење. 

Роден е 1909 година во Прилеп, на Божик, во скромно семејство. Трет од четирите деца, тројца браќа и една сестра. Две големи трагедии го одбележале неговото растење. На 9 годишна возраст го загубил постариот брат кој со тројца другари загинува играјќи си со неексплодирана бомба што ја пронашле деца. На 13 години со братот и сестрата останува сираче по смртта на радителите.

Реклама

И пак завршува високо образование. По гимназијата во Прилеп, студирал, вонредно, на Правниот факултет во Белград.

-Цело време ја зајакнувал својата љубов во читањето книги. Од Аристотел, Хераклит, од Ниче, Хегел, до Толстој, Достоевски, Ремарк, Пушкин. Пишувал и поезија. Негова честа изрерка била онаа на Хераклит – „Сѐ тече, сѐ се менува“. Бил свесен за подјарменоста на народот, прво под една, српска окупација, потоа под друга, бугарска. Од мал бил сведок на неправди. Се поистоветувал дури и со Џорџ Гордон Бајрон. Го сакал говорништвото, за да ги упати пораките. Учествувал на многу собири, а подоцна како адвокат од прилепската чаршија, бесплатно ги застапувал сиромашните, онеправданите од цел регион – објаснува историчарот од прилепскиот Завод и музеј, Рубинчо Белчески. 

Студиите ги завршил 1934 година. Ги зацврстил врските со револуционерните дејци, но и својот карактер со слободољубиви идеи за борба за слобдата на народот. 

Ниту една активност во Прилеп не поминала без присуството на Рампо Левката. На локалните и парламентарните избори во Прилеп од 1935 до 1938 година тој бил оној што ги пишувал сите акти и документи. Учествува во 1938 година на парламентарните избори во кампањата на Методија Андонов Ченто кога се спријателува и со Кузман Јосифоски Питу со кого има исти идеи. 

Рампо Левката, иако до 1942-та не бил официјален член на Комунистичката партија, ги прифаќал сите слободоумни идеи, посебно за ослободување на македонскиот народ од окупаторите. Бил учесник во сите активности: во формирањето на „Трезвената ложа“, во формирањето на читалиштето „Надежда“, подоцна „Гоце Делчев“, а вклучен бил и во студентското здружение на прилепските студенти. Левката бил човек кој ги привлекувал сите околу себе, посебно со својата елоквентност, со говорништвото. 

-Посебноста на Рампо Левката е што тој бил човек кој премногу ја сакал слободата за Македонија. Работел на таа кауза и привлекувал многу луѓе со својот авторитет. Бил главниот човек за „врска“ – објаснува Белчески.

Неговата адвокатска канцеларија во прилепската чаршија била собиралиште на сите напредни дејци. Им помагал на граѓаните и бил врска меѓу обичниот секојдневен народ со напредните револуционери. 

Куќата на Рампо Левката во центарот на Прилеп, зад Комерцијална банка, била местото за состаноци. Опасно во воено и окупациско време, ако се знае дека само на 20-тина метри била бугарската полициска команда, во поранешната прилепска библиотека. Бил неуморен, авторитетен и не се откажувал од опасни потези. Левката дури го тужел серскиот началник од Прилепската околија. А тоа било опасна работа и бил веќе обележан како антирежимски и близок до револуционерните дејци.

Воената 1942 година е опасната, трагична и последна година за Рампо Левката кој станал многу значаен за македонското револуционерно движење. Левката се наметнал како главна врска меѓу жителите на прилепското село Дабница и партизанскиот одред „Димитар Влахов“ кој станал „трн во окото“ на окупаторот. Преку Левката се дистрибуирале информации, намирници кои преку жителите на Дабница стигнувале до Одредот.

Одредот имал диверзантски ации до 14 септември 1942. Окупаторот сакал да го уништи. И при напад на месноста Мукос, на 14 септември, биле убиени седум-осум члена на Одредот, меѓу кои и командантот  Борка Велески- Левата, Горанов. Тогаш се случиле повеќе апсења на прилепчани, особено на дабничани – раскажува Белчески со што се навестува трагичното загинување и на жителите на Дабница и на Рампо Левката. 

Голем дел од уапсените се испратени во логор во Никеи, Ксанти, а друг дел се затворени во прилепскиот затвор и во касарната, денешниот гарнизон „Мирче Ацев“.

Меѓу нив бил и Рампо Левката. Бил уапсен на 15 септември 1942-та. А големата трагедија со стрелањето во Дабница се случила по четири дена.

-Во тие четири дена, од 15 до 19 септември, уапсените во Прилеп (во затворот на местото на денешната градска пошта)  и во гарнизонот, биле крвнички измачувани. Рампо Левката бил измачуван во касарната. Дури и тогаш, Левката ги охрабрувал затворените сограѓани: дека измачувачите не им можат ништо. Кога крвниците сфатиле, го одвоиле Левката од другите. А најголем крвник бил Иван Куцаров кој лично го испрашувал. И измачувал сѐ до смрт – вели Белчески. 

По четири дена сурово измачување, на 19 септември, Рампо Левката е убиен. 

А, 19 измачувани затвореници се врзани и во вечерните часови се однесени во Дабница.

-Деветнаесетте речиси смртно претепани и измачени, се донесени приквечерта на 19 септември 1942 -та година во селото Дабница. Таму бугарскиот окупатор ги убил, но на начин да изгледа дека окупаторите во одбрана морале да пукаат и да стрелаат. Не сакале да се прикажат како сурови, туку дека дејствувале, наводно, во самоодбрана – објаснува Белчески.

Но, 19-те стрелани не се погребани во Дабница. Вечерта, скришум, нивните тела се однесени во месноста Црвени Брегови, на периферијата од Прилеп и таму се закопани.

По ослободувањето, нивните тела се откопани и останките се пренесени на Партизанските гробишта во Прилеп. 

Но, телото на Рампо Левката никогаш не е пронајдено. Тој уште истиот ден, на 19 септември 1942 година откако е убиен по смртоносното претепување е закопан во прилепската касарна. 

Според Иван Куцаров, крвникот кој го измачувал Левката и го убил, две години подоцна, откако капитулирала Бугарија и откако бил уапсен и испрашуван од бугарските власти, рекол дека го закопале во касарната, во некоја „варница“ (своевидна дупка за гаснење вар). Но телото на Рампо Левката до ден- денес не е пронајдено. 

-Од Македонија била испратена екипа да го испрашува Куцаров. За смртта на Рампо Левката, за сите настани со измачувањата и стрелањето во Дабница. Куцаров отворено признал дека Левката толку бил храбар што не признал, па го измачувале и го тепале до смрт. Планирале, но не можеле да го однесат на стрелање во Дабница. Веќе бил мртов. Неколку часа пред стрелањето – вели Белчески.

Рампо Левката во 1951 година е прогласен за народен херој. Еден е од 15-те што ги има Прилеп, а еден е од 10-те од нив што загинале во НОБ и Револуцијата. Прилепско основно училиште го носи неговото име. Има негова биста во Алејата на народните херои, во Паркот на револуцијата во Прилеп и биста пред Основниот суд. Неговото име го пишува на спомен плочата на стреланите во Дабница. 

Телото на Рампо Левката никогаш не е пронајдено. Веројатно и денес е под тлото на прилепската касарна која го носи името на Мирче Ацев. 

Рампо Левков Левката, борецот за правда на обесправените, човекот вљубен во книгите и поезијата, неуморниот заштитник на сиромашните и угнетените, човекот кој слободата на македонскиот народ ја носел во срцето и им ги објаснувал придобивките за слободата на секој што го слушал, човекот – врска меѓу обичните луѓе и ревоуционерните дејци, е борец, херој. Пред смртта е избран во Главниот штаб на Македонија, на местото на Стив Наумов. Прифатен е, не стигнал на ниту еден официјален состанок на слободна територија. 

Рампо Левката е и автор на незаборавната песна „Бабуна“.

-Левката бил автор на три песни, од кои зачувана е само песната „Бабуна“. Песната е создадена во една ноќ, во декември во 1941 година. Кога се расформирал партизанскиот одред „Гоце Делчев“, одговорен за нападот на 11 октомври, Левката добил задача да напише песна која ќе го зачува моралот кај борците и сите слободољубиви луѓе. Левката само прашал: Колку метри песната да биде долга – раскажува Белчески.

Песната „Бабуна“ има 160 стихови. Левката ја напишал за еден ден. Стиховите се за историјата на Македонија, за слободата, за ропството.

Песната во повоениот период била користена на многу настани. Во 2012 година, според дел од стиховите на „Бабуна“ е компонирана песната „Партизанска“ изведена од групата „Сирма“ на фестивалот „Гоцефест“.