Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ќе се формира регионална мрежа на локалните младински совети

Младите од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица ќе формираат регионална мрежа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица ќе формираат регионална мрежа на локалните младински совети. Ова денеска е потврдено на првиот регионален состанок на претставници од локалните младински совети од четирите општини кој се одржа во Делчево на кој се дискутираше и за предизвиците во работата на овие младински тела.

За прв пат младите од младинските локални совети седнаа заедно за да се договорат за идните чекори кои се во насока на активирање на младите и нивно поголемо учество во општествените текови. Тие се договорија да се изработи регионална стратегија за млади за периодот 2027-2030, со цел стратешки пристап за остварување на нивните цели, да се потпише меморандум за соработка меѓу општините и локалните младински совети.

На првиот состанок присуствуваше и градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, кој истакна дека разговарале со младите и го слушамле нивниот глас и како одговорни носители на локалната власт, преземале конкретни дејства, активности во интерес на младите со цел поттикнување на нивниот активизам и нивно учество во општествените текови.

Реклама

-Денес го организираме првиот регионален состанок на младите од локалните младински совети од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица. Ова е одлична можност да се поврзат, да ги споделат своите идеи и заеднички да ги препознаат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во Источниот регион. За мене младите се најважниот ресурс што го има секоја локална заедница, а нивната енергија, идеи и иницијативи се клучни за развојот на нашиот регион и мој приоритет е да создадеме услови младите да останат тука, да се развиваат, да создаваат и активно да учествуваат во животот на своите заедници. Во таа смисла и заедничката работа на стратегијата за млади треба да биде документ кој ќе произлезе од нивните реални потреби, визии и предлози. Верувам дека ова вмрежување е само почеток на една силна регионална младинска приказна – четири општини, една генерација млади и заедничка визија за иднината- нагласи Гоцевски.

Претставниците на локалните младински совети се договорија и за меѓусебна поинтензивна соработка и размена на искуства.