Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Мицкоски: Инфлацијата е стабилна, Владата прави и нова методологија за цената на струјата да поефтини

Во време кога Европа се бори со заштита на животниот стандард, Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време кога Европа се бори со заштита на животниот стандард, Македонија засега добро се справува. Европа бележи раст на инфлација над 3 проценти, додека Македонија има пониска инфлација за 1 процент. Ако на ова се додаде и растот на македонската економија изразен преку БДП кој е над 4 проценти, тогаш се потврдува дека економијата е стабилна. За Премиерот Христијан Мицкоски, ова се показатели дека владините мерки и политики даваат резултат. Иако Македонија се уште е увозно зависна земја, сепак преку политиките за одржување на ценовната сатбилност успеа да го амортизира ударот.

„Па, да, јас кажав, ние успеваме веќе два месеци по ред да имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија. Во јули беше 2,3%, додека во Европската Унија беше 2,9%, во август беше 2,6%, а на ниво на Европската Унија е 3,3%“, „ Се сеќавате пред четири години кога нѐ убедуваа дека инфлацијата којашто тогаш беше двоцифрена — 16, 17, 18% — дека е увезена од Европската Унија, гледате дека можело, кога се сака, кога се знае, можело да се направи нешто што е подобро од оттаму. Така што мора да веруваме во себе, да не веруваме во лаги и клевети на луѓе коишто самите се препознаваат како талог, изјави Мицкоски.

За задржување на ниската инфлација, потребно е и цената на енергенсите да остане стабилна. Мицкоски вели дека тие добро изменаџирале со акумулациите кои се полни на околу 50 проценти, со што има доволно простор да се акумулира водата од претстојните есенски дождови и зимскиот снег. Воедно, со правилно менаџериње на фотоволтаиците, ветерниците и акумулациите, Македонија успела да обезбеди доволно струја за домашните потреби и да ја задржи цената на струјата. Но, со нова методологија ќе обидат да обезбедат пониска цена на струјата за граѓаните во зимскиот период.

Реклама

„Правиме методологија да се обиде, ако ништо да ја задржиме истата цена, а ако не и да се обидеме да ја поефтиниме. Морам да кажам дека откако е оваа влада, ние реално немаме зголемување на цената на домаќинствата и поркај сите предизвици. И порај тоа што сме во пикот на најголемата енергетска криза која што човештвото ја памети. А тоа е војната во Арапскиот залив. И покрај сите тие предизвици, ако денес ме прашате ќе можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имаме стабилна зима, ќе имаме снабдување со електрична енергија согласно потребите “, дополни Премиерот.

 Од Владата посчија дека остануваат посветени на граѓаните. Се прават последните подготвки за почеток на грејната сезона, ќе се следат цените на производите. Инспекциите се на терен. Од Владата потенцираат дека законот за фер трговски практики мора да се почитува, и нема да има милост за секој што ќе го злоупотреби. И од министерството за земјоделие претходно најавија дека и тие ќе излезат на терен за да се надмине проблемот со цените на земјоделските производи и неоправдано зголемување на цената од производител преку дистрибер до краен потрошувач. Ќе се прават законски измени, за во иднина да нема вакви појави. Сето ова со цел македонската економија да продолжи со растот, а инфлацијата да остане ниска.