Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

Телефон или таблет за да се смири детето-се почеста навика која остава сериозни последици

Телефон или таблет за да се смири детето. Цртан филм додека јаде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телефон или таблет за да се смири детето. Цртан филм додека јаде или пред спиење. Се почеста навика  која доведува до промени во меморијата и однесувањето, задоцнет говор, задоцнет развој и лошо влијание на мозокот кај   малите деца до  10 годишна возраст. Многу е важно во првите пет години кога децата имаат интензивен развој да учат преку движење, допир, разговор и директен контакт со возрасните. Токму затоа педијатрите предупредуваат дека кога мобилните уреди заземаат премногу време тогаш се намалува времето за активности кои се важни за правилен развој на децата. Состојбата додаваат е алармантна и треба секој родител да знае што гледа детето и колку време поминува пред екран.

– Она што е битно и што треба да се знае е дека плавата светлина од екраните создава таков вид на зависност кои што нормално можеме да кажеме дека е равна на зависност од опијати и од дроги. Така што тоа е еден непобитен фактор каде што ние стручните лица и во самите препораки препорачуваме да стриктно биде забранет екранот од 0 до 3вели педијатарот др. Ангелчо Андоновски

Педијатрите додавват дека ако оваа зависност зема поголем замав тогаш препорачуваат апстиненција и до една година. Последиците се огромни бидејќи кога изложеноста на екран  долго време го покачува нивото на кортизол и допамин, и децата стануваат вознемирени сонот им е пореметен а и нормалната  функција на мозокот.

Реклама

-И промените во ЕЕГ-то односно снимањето на мозочните бранови навистина  е еден вид на екранизам кое што на лице  при приказ на ЕЕГ буквално не може да се разликува од епилептични напади. Ќе кажам дека тие промени се застапени кај 90 посто од децата кои што се екранизиранивели педијатарот др. Ангелчо Андоновски

Потенцираат дека кај школските деца не треба целосно да се забранат таблетите и телефоните бидејќи тие им се потребни и во секојдневната едукација,  но сепак треба да се има голема контрола колку време се поминува пред екраните. Особено многу е важно три часа пред спиење тотално да се забранат уредите, особено кај најмалите. Во најраната возраст најдобриот екран за детето е лицето на родителот бидејќи преку него детето учи да комуницира , да препознава емоции и да го запознава светот. Инаку според Светската здравствена организација целосно е забранет екранот од 0 до 3 години.