Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Пет години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе

Денеска се навршуваат пет години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска се навршуваат пет години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, каде што загинаа 14 луѓе, а десетина беа повредени.

12 од жртвите беа пациенти кои се лекувале од ковид, а двајца нивни блиски роднини.

По долготрајниот судски процес, директорите на тетовската болница, Флориан Бесими и Артан Етеми, беа осудени на три години казна затвор за тешки дела против општата сигурност, а правното лице Клиничка болница доби парична казна од еден милион и триста илјади евра.

Реклама

Во август годинава, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја затвори истрагата за јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници во Македонија, оценувајќи дека не постојат основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување или за друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Со оваа одлука, Обвинителството утврди дека нема елементи за кривично гонење на тогашниот министер за здравство, а сегашен лидер на СДСМ, Венко Филипче. Ваквата одлука предизвика бура реакции во јавноста дека Обвинителството, предводено од Ислам Абази, го амнестирало Филипче од одговорност за трагедијата.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека предметот со години намерно се чувал во фиока и дека Филипче има директна одговорност, бидејќи преку измени во Законот за градење, болниците биле категоризирани како „урбана опрема“, со цел да се заобиколат стандардните градежни процедури.