Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Честика од Марко Рубио: САД се горди што стојат покрај Македонија како доверлив сојузник и партнер

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија.

– Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на Македонија, додека славите 35 години независност. Соединетите Американски Држави се горди што стојат покрај Македонија како доверлив сојузник и партнер. Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на нашата заедничка одбрана и соработка во борбата против тероризмот и напорите за сајбер безбедност, се наведува во честитката од Рубио објавена на веб страницата на Стејт департментот.

Американскиот државен секретар го поздравува континуираниот раст на економското партнерство, вклучително и преку овогодишниот Стратешки дијалог во Вашингтон.

Реклама

– Заедно, ги унапредуваме можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и другите сектори за зајакнување на просперитетот во двете наши земји. Ви посакуваме радосен Ден на независноста и континуиран мир, безбедност и просперитет во годините што доаѓаат, истакнува Рубио.

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, упати и Амбасадата на САД во Скопје.