Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Бриселскиот „Манекен пис“ во македонска народна носија по повод 8 септември

– По повод Денот на независноста – 8 септември денеска познатата статуа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– По повод Денот на независноста – 8 септември денеска познатата статуа „Манекен пис“ во центарот на Брисел беше облечена во традиционална македонска народна носија.

Церемонијата започна во Градското собрание на Брисел, каде обраќање имаа шефот на македонската Постојана мисија при ЕУ, амбасадорот Зулфи Исмаили, како и претставник на бриселските локални власти.   

Во рамки на настанот беше одржана презентација на носијата, по што следуваше и нејзино официјално предавање од амбасадорот Исмаили на градоначалникот на Брисел, Филип Клосе.

Реклама

На церемонијата присуствува претставници на општествениот и културниот живот на Брисел и на македонската дијаспора и дипломатските мисии во Белгија, меѓу кои и постојаниот претставник на земјава во НАТО, амбасадорот Орхан Муретзени и в.д амбасадорката во Белгија, Сузана Мехмеди.  

По ова следеше процесија на пренесување на носијата од зградата на Градското собрани, што се наоѓа на плоштадот Гран плаз, до фонтаната статуата „Манекен пис“, каде статуата беше облечена во македонската носија.  

Во Брисел постои традиција за облекување на „Манекенот пис“ разни облеки по повод домашни или странски празници или настани, но ова е првпат статуата да биде во македонска носија.

Иако, симболичен, овој чин воедно е можност за претставување на пред македонското културно наследство пред Европа.

Статуата, висока 55 сантиметри, е изградена во честа на момче, кое според легендата, го спасило Брисел од пожар, гаснејќи го запалениот фитиљ на експлозивот уринирајќи врз него. Токму затоа бронзената статуа на момче со непоколеблив став е одраз на слободарски, независен и бунтовен карактер.