Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Честитка од министерот Минчев за Денот на независноста

Има датуми што ги паметиме. Има датуми што ги славиме. Но има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има датуми што ги паметиме. Има датуми што ги славиме. Но има и датуми што ги носиме во срцето. 8 Септември е токму таков датум! – се вели во честитката од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 8 Септември.

Пред 35 години, македонскиот народ одлучи сам да ја гради својата иднина. Со своја независна држава, со свои одлуки и со верба дека можеме сами да го одредуваме својот пат.

Оттогаш до денес, многу генерации сонуваа, работеа, се бореа и создаваа. Некои ги поставија темелите, некои ја чуваа државата, а наша обврска е да ја направиме подобро место за оние што доаѓаат по нас.

Реклама

Затоа, независноста е одговорност. Одговорност кон земјата. Кон граѓаните. Кон оние што веруваа во Македонија и кога беше најтешко. И кон децата и младите кои допрва ќе ја пишуваат нејзината иднина.

Да ја чуваме со гордост. Да ја градиме со љубов и одговорност. И да оставиме зад себе држава во која идните генерации ќе сакаат да останат, да живеат и да го градат својот сон.

Затоа што Македонија е нашиот дом. Нашето име и идентитет. Нашата култура. Нашата приказна. Нашата иднина. Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија! Да ни е вечна Македонија!