По повод 35 години независност Собранието свети во боите на македонското знаме. Генералната секретарка на македонското Собрание, Марина Димовска информира дека по повод роденденот на Македонија, Собранието е осветлено со црвено-жолта боја.
„Вечерва Собранието во боите на Македонија . 35 години независност. 35 години македонска гордост”, објави Димовска. Во организација на генералната секретарка на Собранието, зградата на македонскиот парламен се осветлува во различни бои за важни меѓународни и домашни настани, денови на свесност или државни празници.
Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

