Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Град Скопје: Набавени 3.300 нови контејнери, една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години

Град Скопје информира дека е потпишан договор за набавка на 3.300 нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје информира дека е потпишан договор за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје.

Набавката, како што информираат од Град Скопје, има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и навремено празнење, како и подобрување на условите за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

-За споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери, бројка која не ги задоволува потребите на главниот град. Недостатокот на соодветна опрема резултираше со преполни и оштетени контејнери, наталожен отпад околу нив и нарушување на комуналната слика во повеќе населби. Со актуелната набавка, значително се зголемува бројот на расположливи контејнери и се создаваат услови за поефикасно функционирање на системот за собирање отпад – се вели во соопштението од Град Скопје. 

Реклама

Новите контејнери се набавуваат по цена од 9.600 денари по парче, додека претходно набавуваните контејнери биле по цена од над 18.000 денари по парче. Ова, како што посочуваат од Град Скопје, претставува значително поекономично искористување на средствата, особено имајќи ги предвид глобалните ценовни движења и зголемените трошоци за набавка на материјали и опрема.

-Набавката на 3.300 нови контејнери е дел од пошироките активности за модернизација и подобрување на работата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, по набавката и на нови возила за претпријатието. Чекор по чекор се создава пофункционален и поефикасен систем за управување со отпадот, со цел Скопје да биде почист, поуреден и достоинствен град за сите граѓани – стои во соопштението од Град Скопје.