Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Плакети и признанија за заслужните во Делчево по повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на градот

Со свечена програма и низа активности, Општина Делчево денеска го одбележува 7…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена програма и низа активности, Општина Делчево денеска го одбележува 7 Септември – Денот на ослободувањето на градот, во рамките на манифестацијата „Денови на мојот град“. Во фокусот на одбележувањето беа луѓето кои со својата работа и ангажман придонесуваат за развојот на Делчево, но и значајни личности и настани поврзани со македонската наука, државност и безбедност.

На свечената седница беше доделена Општинската награда „7 Септември“ на проф. д-р Трајан Гоцевски, за посебен придонес во научната дејност, развојот на високото образование, безбедносниот систем и македонската државност, како и за афирмација на Општина Делчево во земјата и во светот. Наградата се состои од плакета и паричен износ од 20.000 денари.

Гоцевски, кој е роден во село Селник, Општина Делчево, е редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ и носител на бројни државни и универзитетски функции. Бил декан на Филозофскиот факултет и член на Ректорската управа на УКИМ, министер за одбрана во првата Влада на Република Македонија и член на Советот за безбедност. Автор е на 90 книги и на повеќе од 285 стручни и научни трудови, монографии и статии објавени во земјата и странство.

Реклама

Наградата му е доделена по иницијатива поднесена по повод 76-годишнината од неговото раѓање и 50-годишнината од неговата општествена, државна, наставно-научна и публицистичка дејност.

Во рамките на свечената програма во Делчево беше промовиран и првиот том од 11-томната автобиографска едиција „Белешки и анализи“ на проф. д-р Трајан Гоцевски, со наслов „Од Селник до Универзитетот во Скопје“. Книгата го следи неговиот животен и професионален пат од родното Селник до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде ги завршил факултетските, постдипломските и докторските студии.

На промоцијата Гоцевски истакна дека со книгата сакал да остави сведоштво за настани и процеси од поновата македонска историја во кои директно учествувал. Промотор на книгата беше проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет при УКИМ.

На свеченоста беа доделени и признанија на министерот за одбрана Владо Мисајловски, генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на Генералштабот, и пратеникот Драган Ковачки, за успешна соработка и континуирана поддршка на Општина Делчево.

Првпат Општина Делчево додели и плакета „За тивкиот херој“, посветена на сите граѓани кои со својата работа, храброст, солидарност и пожртвуваност придонесуваат Делчево да биде подобро и побезбедно место за живеење.

Годинава првпат беа доделени и општински признанија за најдобар комунален работник и најдобар пожарникар. Наградата за најдобар комунален работник му припадна на Марјан Богданов од ЈКП „Брегалница“, кој пет години работи на одржување на канализациската мрежа, додека признанието за најдобар пожарникар во ТППЕ Делчево го доби Благојчо Стоименовски, со 34 години работен стаж.

Одбележувањето на Денот на ослободувањето беше збогатено и со презентација на дел од вооружувањето, борбената опрема и возилата на Армијата, организирана на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ. Припадниците на 2. пешадиски баталјон од гарнизонот во Штип пред граѓаните реализираа презентација и тактичко-технички приказ, овозможувајќи им на посетителите од Делчево и околните населени места непосредно да се запознаат со опремата и со работата на припадниците на Армијата. Настаните продолжуваат со Изложба на олдтајмери и музички хепенинг во центарот на градот.

Со програмата посветена на 7 Септември, Делчево ја одбележува годишнината од ослободувањето со спој на историското наследство, научното и културното творештво, институционалната соработка и признанијата за граѓаните кои секојдневно придонесуваат за развојот и безбедноста на градот.