Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Активни четири пожари, најтешка состојбата кај Рамно на Скопска Црна Гора

– Во текот на вчерашниот ден регистрирани биле 40 пожари на отворено,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во текот на вчерашниот ден регистрирани биле 40 пожари на отворено, триесетина се изгаснати, четири се активни. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во денешната изјава рече дека вчерашниот ден бил еден од најтешките сезонава во однос на пожарите поради високите температури и ветерот. Вчера биле регистрирани 40 пожари на отворено, триесетина се изгаснати, а четири се сеуште активни.

Пожарот на македонско-косовската граница, кој беше активен неколку дена, е целосно изгаснат и во моментов нема горење од ниту една страна-рече Ангелов.

Тој посочи дека овој пожар нема да предизвика загадување на воздухот во Скопје. Пожарот кај Брвеница, повторно се активирал, иако вчера бил ставен под контрола. Пожарникарите, тимови  на ДЗС, интервенирале во текот на ноќта. Во раните утрински часови пожарот повторно бил ставен под целосна контрола. Во текот на денот ќе следат дополнителни проверки поради можноста од повторно активирање.

Реклама

Во раните утрински часови, рече тој, изгаснат е и пожарот кај Руѓинце во општина Старо Нагоричане. Ангелов упати благодарност до пожарникарите од Старо Нагоричане и Ранковце, кои, како што рече, со голем ризик и пожртвуваност го локализирале пожарот што зафатил голема површина.

– Најкомплексна е состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Како поддршка на скопските пожарникари и тимовите на ДЗС, ангажиран е полициски хеликоптер, а активирани се и тимови од „Национални шуми“. Во гаснењето учествуваат и 30 припадници на Армијата. Теренот е тешко пристапен, а на одредени места и целосно непристапен-изјави Ангелов.

Активен е и пожарот кај Белица во Македонски Брод, кој во текот на ноќта не покажувал сериозни знаци на горење, но повторно се активирал во потоплиот дел од денот. На терен интервенираат пожарникарите од Македонски Брод. Пожарот кај Селце, во струшкиот регион, во текот на ноќта бил намален, но утрово повторно се активирал. Ангажирани се пожарникарите од Струга, а предвидено е и испраќање воздухопловна поддршка. Пожарот кај Тајмиште во кичевскиот регион е ставен под целосна контрола.

Ангелов рече дека во текот на денот се можни промени во состојбата, со оглед на високите температури и нагласи дека има  опасност од нови пожари на отворен простор.

– Апелирам граѓаните да бидат исклучително внимателни. Доволна е само една искра за да настане вистинска катастрофа- апелираше Ангелов.

Тагови