Водата во Скопје е безбедна за консумирање, покажуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во рамки на Неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

