Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

Во Јавна соба вечер со почеток во 20 часот, ќе биде отворена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Јавна соба вечер со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Од цитат кон толкување“ на уметникот и архитект Љупчо Јованов – Љубац.

„Од цитат кон толкување“ е изложба која не се стреми ниту кон славење ниту кон осуда на одреден историски или идеолошки систем. Напротив, таа отвора простор за размислување за симболите, нивните значења и начинот на кој човекот ги доживува, препознава и повторно ги толкува.

Пристапот во изложбата е гностички, но нејзиниот фокус е пред сè насочен кон поединецот, кон човекот и неговата вечна потрага по слобода, достоинство и еднаквост, како и кон внатрешната светлина што постојано тежнее кон повторно поврзување со изворот.

Реклама

Преку своето авторско видување, Љупчо Јованов – Љубац ги преиспитува воспоставените значења и ги поставува симболите во нов контекст, оставајќи простор гледачот самиот да го продолжи процесот на толкување. Изложбата така станува своевиден дијалог меѓу авторот, делото и оној што го набљудува.

Љупчо Јованов е роден на 28 јануари 1974 година во Скопје. Моментално работи како редовен професор во областите архитектура, урбанизам и дизајн на планирање на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Покрај архитектурата, Јованов активно се занимава и со сценографија за театар и филм, како и со објавување научни и стручни книги од областа на театарот и архитектурата. Автор е и на новели и графички романи.

Има објавено повеќе авторски публикации: „Архитектура на сценскиот простор“, „Дневникот на еден убиец“, „Тотемски жртвувања“. Автор е и на неколку изложби: „3×3“ – SK02, Скопје, 2024, „Профанити“ – SK02, Скопје; Вестин, Загреб, 2025, „Сите светци“ – SK02, Скопје; Магаза, Битола, 2026

Изложбата „Од цитат кон толкување“ е покана за гледачот да не остане само на првичното значење на виденото, туку да влезе во сопствен процес на преиспитување, читање и толкување.