– Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе приреди прием по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.
Како што соопштија од Собранието, приемот ќе се одржи во Кристалната сала на законодавниот дом со почеток во 13 часот.
Настанот е дел од активностите за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата.

