Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Богата програма вечерва во Корча, во рамки на „Неделата на македонската култура во Албанија“

Под мотото „Душата на Македонија во Корча“ вечерва во овој албански град…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Душата на Македонија во Корча“ вечерва во овој албански град со богата културно уметничка програма завршува „Неделата на македонската култура во Албанија“. 
 
Настанот се одржува во Старата чаршија, почнува во 17 часот. 
 
-На овој значаен настан најпрво ќе се обрати амбасадорот Веле Трпески по што ќе биде отворена изложба на фотографии  „Убавините на Преспа“ на Пали Колефски, по што обраќање ќе има Јане Атанасов со неколку значајни и инспиративни афоризми, објави македонскиот Културно информативниот центар во Тирана. 
 
Во рамки на вечерта ќе биде изведена монодрамата „Меѓникот“ во изведба на Доне Донев посветена на Крсте Петков Мисирков. Следува настап на фолклорната група „Преспа“ и музички настап на Кристијан Ѓорѓи, Марјан Трајче и Оливер Христовски. 
 
Коорганизатор на настанот е Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, чија претседателка Елена Симонофски најавува прекрасна дружба и незаборавни мигови во духот на македонската култура и дух.
 
Пред многубројна публика во Тирана, на 3 септември, свечено беше отворена „Неделата на македонската култура во Албанија“. Воедно, со овој значаен настан беше одбележана и 35-годишнината од независноста на Македонија.