Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно е дека СДСM сака да ја попречи и акцијата за сузбивање на корупцијата, измислувајќи клевети, лаги и невистини

Во нивниот светоглед е неприфатливо законот да важи за сите подеднакво и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во нивниот светоглед е неприфатливо законот да важи за сите подеднакво и затоа тие не можат или не сакаат да ја разберат неселективноста во борбата против корупцијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на СДСМ. 

И еве неколку факти:

Митото со кое е фатен осомничениот нема апсолутно никаква врска со Игор Јанушев, ниту, пак, Јанушев на каков било начин бил вмешан во овој случај.

Реклама

Овој случај на спречена корупција немаше да биде успешно разрешен доколку немаше јасна и недвосмислена волја кај носителите на функции да ѝ се застане на патот на корупцијата.

За да се спречи оваа корупција, лицето од кое се барало мито морало да го пријави случајот и да прифати да дејствува со обележани пари. Носителите на функции не се повлекоа, не калкулираа, туку охрабрија овој случај да добие епилог.

Има разлика. Во времето на СДСM корупција имаше од чистачка до министер, од Рашковски, до Венко Филипче и Заев. Сега борбата против корупцијата не познава припадност и не прифаќа калкулации.

Апелираме и до малиот дел од медиумите, кои се инструирани од опозицијата, да не прифаќаат да бидат манипулирани и да не изнесуваат клеветнички, невистинити и дезинформирачки содржини, туку да се држат до проверените и официјалните информации.