Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години

Изложба на олдтајмери се реализира денеска во Кавадарци, најстарото возило е старо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изложба на олдтајмери се реализира денеска во Кавадарци, најстарото возило е старо 98 години. Настанот е во рамките на традиционалната стопанско- туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, што го организира кавадаречката локална самоуправа.

-Оваа година имаме пријавено околу 70 возила. Очекуваме да дојдат малку повеќе, т.е. веќе доаѓаат некои непријавени. Интересното за оваа година е што имаме возила коишто се стари скоро 100 години, односно 98, другото е точно 90 години, имаме уште едно што е околу 86 години. Станува збор за возила што досега не дошле во Кавадарци и многу ретко се појавувале некаде низ Македонија – рече Кирил Димитров Урошев, претставник на авто – мото клубот што ја реализира изложбата.

Изложени се автомобили од разни краеви на државата.

Реклама

-Сите учесници, љубители на автомобили, кои посветено и со многу љубов се грижат за нив, добиваат признание за зачувување на културното наследство, бидејќи овие автомобили се своевиден дел од културното наследство. Тие говорат за тоа, како се движеле културата и развојот на автомобилизмот – потсети тој.