Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

ВРЕДИ: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

– Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари.

Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места.

Реклама

ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат.