Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од скромни 1,6% раст во 2024 година до 4,3% во 2026 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создаде стабилна основа за забрзан раст на македонската економија

Во јуни 2024 година, економијата растеше со скромни 1,6 проценти во првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јуни 2024 година, економијата растеше со скромни 1,6 проценти во првиот квартал. Тоа беше јасен показател дека по години на владеење на СДСM и ДУИ, македонската економија предолго се движеше бавно и без доволно силен развоен импулс. Најновите податоци за вториот квартал од 2026 година покажуваат реален економски раст од 4,3 проценти – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

И не станува збор за раст поттикнат од само еден сектор.

Инвестициите пораснаа за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти, а градежништвото бележи висок раст од 21,9 проценти.

Реклама

Позитивни резултати се забележуваат и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, угостителството и ИКТ секторот.

Тоа значи дека економската активност се зголемува на повеќе фронтови истовремено, се инвестира повеќе, се произведува повеќе, се извезува повеќе и се создаваат услови за нови работни места и нови инвестиции.

Особено важно е што економскиот раст не е проследен со нов инфлаторен притисок. Напротив, додека економијата забрзува, инфлацијата се намалува и денес изнесува 2,3 проценти.

Затоа, овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе инвестиции, поголема економска активност, нови можности за бизнисите и подобри услови за раст на платите и животниот стандард.

Економскиот раст не е цел сам за себе. Тој е средство за подобар живот на граѓаните.

Затоа продолжуваме со јасна и предвидлива економска политика, со силна поддршка за инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно економско опкружување во кое компаниите можат да растат и да отвораат нови работни места.

За само две години, економијата премина од раст од 1,6 проценти на 4,3 проценти. Тоа е мерливо, широко распространето и реално економско забрзување.

Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.