Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

 Меѓупоштинското разменување искуствата, знаења и добри практики при слекцијата и управувањето со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Меѓупоштинското разменување искуствата, знаења и добри практики при слекцијата и управувањето со отадот како една од клучните обврски на нашиот пат кон ЕУ, останува високо на агендата на македонските општини. Претставници од четири општини: Струмица, Илинден, Гази Баба и Ѓорче Петров, беа во Студиска посета на Прилеп и ЈКП „Комуналец“, посветена на добрите практики за управување со отпад на локално ниво и воспоставување систем за примарна селекција на отпадот, а во што Општина Прилеп, веќе 15 години ја има лидерската позиција. Општина Прилеп и комуналното претпријатие располагаат со Собирен центар за електричен и електронски отпад, за текстил и за стакло, а доделени се и 9 специјални возила за отпад, како и голем број садови за селектирање на отпад за домаќинствата, но и јавни контејнери.

 „Во завршна фаза е и Фабриката за селекција на отпад која ќе биде единствена во овој регион. Се прави проектна документација за Компостарата, а во завршна фаза е и поставувањето на полуподземни контејнери – 52 контејнери на 21 локација и со тоа ќе се зголеми и подобри селекцијата на отпадот“, – изјави Љубиша Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“, Прилеп.  

 „Истражувањето покажува дека 49% од граѓаните во Прилеп вршат примарна селекција, а тоа не’ прави лидери во Македонија, дури и неприкосновени во овој момент, согласно показателите дека општините имаат уште многу за работа за да стигнат до нашите резултати. Но, не ни е императив да бидеме први, туку можеби следните години да станеме и Општината во која што 100% од населението ќе го предузвика да селектира отпад. Трендот е добар, но секогаш може подобро и поуспешно“, – потенцираше Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Реклама

  За разлика од општина Прилеп, поголемиот дел од општините, за жал, се’ уште се во почетна фаза со решенијата за оваа проблематика. Велат дека прилепските практики и искуства можат да им бидат од огромна полза.

  Инаку, овие средби се исклучително важни како подготвителен период и за функционалноста на идните современи регионални депонии во државава кои се во изградба.