Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Органска трпеза 2026“ и „Агромак 2026“ ќе се одржат од 2 до 4 октомври годинава

Куманово од 2 до 4 октомври, годинава ќе биде домаќин на два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово од 2 до 4 октомври, годинава ќе биде домаќин на два меѓународни саеми, деветтото издание на саемот на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтото издание на саемот за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агромак 2026“, информираа денеска од Општина Куманово. Оттаму наведуваат дека саемите се конципирани како тридневна регионална платформа за поврзување на производители, компании, институции, општини, стопански комори, образовни и научни установи, туристички организации, здруженија и развојни партнери.

Организатори на саемите се Здружение „ЖИВОТ“ Куманово и Комора на органски производители на Македонија КОП. Саемските манифестации ќе се одржат во спортско-рекреативнит Куманово, простор пред градскиот базен.

Учесниците, зависно од дејноста и интересот, ќе можат да се вклучат како изложувачи и продавачи, програмски учесници, носители на програмски столбови, зони или партнерски павилјони, како и преку B2B, B2I и партнерски средби. Предвидено е учество и на институционални и стручни партнери, како и покровители, спонзори и поддржувачи.

Реклама

Целта на саемските манифестации е промоција на производи и услуги, воспоставување деловни контакти, размена на искуства и знаења и отворање можности за нови партнерства и соработка во земјоделството, производството на храна, преработувачката индустрија и сродните области. Рокот за пријавување е до 20 септември 2026 година.  Општината  и организаторите информираат дека бројот и распоредот на изложбените позиции се ограничени.