Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување, Буџетот оштетен за 4,5 милиони денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Финансиската полиција, првопријавениот Б.З., во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект, не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 30.946.170 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година. Според наводите во пријавата, овие обврски биле застарени согласно Законот за облигационите односи, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата.

И покрај законската обврска, пријавениот не ја искажал соодветната даночна обврска во даночниот биланс за 2025 година, поради што не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка во износ од 3.094.617 денари.

Реклама

Воедно, Финансиската полиција утврдила дека книговодствено евидентираните дадени позајмици кон физички лица во износ од 14.254.665 денари, кои не биле вратени до крајот на годината, не биле евидентирани како непризнаени расходи за даночни цели. За овие средства, според пријавата, не бил пресметан, пријавен и платен данок на добивка во износ од 1.425.467 денари.

– Со наведените дејствија, физичкото и правното лице не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Македонија за вкупен износ од 4.520.084 денари – информираат од Управата за финансиска полиција.