Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци

Дека Венко Филипче и талогот на СДСМ не се грижат за граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дека Венко Филипче и талогот на СДСМ не се грижат за граѓаните и  државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите. Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДСМ и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. 

Значи и луѓе од СДСМ гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој. 

Остана само талогот од СДСМ и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци. 

Реклама

Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен.

Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни. 

За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата.