Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Шибеник почнаа Деновите на македонската култура во Хрватска

Во Хрватска почна културната манифестација Денови на македонската култура по повод одбележувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Хрватска почна културната манифестација Денови на македонската култура по повод одбележувањето на 35-годишнината од осамостојувањето на Македонија и 8 Септември – Денот на независноста и ќе трае до 6 септември.  

Настанот почна во Шибеник, каде беше промовирана книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје“ (светица на сиромашните) од авторката Јасмина Миронски, познат новинар, комуниколог и професор.

На настанот присуствуваат Зоран Димитровски, заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија, Драган Ѓурчевски, македонски амбасадор во Загреб, проф. др. Марјан Бојаџиев, потпретседател на Стопанската комора, Пашко Ракиќ, жупан на Шибенско-книнската жупанија, д-р Жељко Буриќ, градоначалник на Шибеник, како и истакнати личности од европските институции и од политичките и општествените кругови во Брисел, Хрватска и Македонија.

Реклама

Програмата продолжува денеска на островот Зларин, каде што во Центарот за корали ќе се одржи меѓународен книжевен собир со наслов „Од остров на копно (Македонија) до остров на море (Зларин)“.

Станува збор за посебен книжевен и културен настан замислен како можност за поврзување автори и интелектуалци од разни средини. Меѓу учесниците ќе бидат професори, писатели, новинари и публицисти од Скопје, Загреб, Задар, Шибеник, Зларин, Белград и други градови.

Во рамките на настанот ќе биде претставена најновата книга на Јадранка Косор, Žene koje mašu rukama („Жени што мавтаат со рацете“), а програмата ќе опфати и книжевни дискусии и читање поезија. Од Македонија ќе учествуваат и Снежана Стојчевска, директорка на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и писателката Фросина Пармаковска.

Собирот на Зларин е замислен како форум за отворен дијалог за книжевноста, културата и општеството, но и како симболична врска што го поврзува македонското копно со далматинскиот остров и хрватскиот дел на Јадранот.

Утре, во Пировац ќе се одржи посебна културна вечер посветена на поезија од хрватски автори, преведена на македонски јазик и објавена во списанието „Елементи“ (превод на Сашо Огненовски).

Оваа програма дополнително ќе ја претстави хрватската книжевност во македонски превод и ќе ја истакне важноста на книжевниот превод како клучно средство за поврзување на двете култури.

Деновите на македонската култура во Шибеник опфаќаат богата четиридневна програма што ги поврзува Шибеник, Зларин и Пировац; преку книжевни средби, промоции на книги, дискусии, поетски настани и претставување на културното наследство настанот создава простор за директна интеракција меѓу хрватските и македонските автори и културните работници.

Настанот има и поширока меѓународна димензија обединувајќи учесници од разни европски и регионални средини. Посебна вредност на програмата е тоа што културата не ја претставува само како уметничка содржина, туку и како мост што поврзува луѓе, градови, острови и нации.

Манифестацијата се одржува под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска и Градот Шибеник, со поддршка од Шибенско-книнската жупанија, Туристичката заедница на Шибенско-книнската жупанија, Туристичката заедница на градот Шибеник, Туристичката заедница на Зларин и Општина Пировац.

Деновите на македонската култура во Шибеник покажуваат дека културата и литературата може да послужат како моќен мост што ги поврзува двете земји, како и место за средба на разни генерации, гледишта и културни искуства, нагласуваат организаторите.