Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Шибеник промовирана книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје“ (светица за сиромашните) од Јасмина Миронски

Книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје“ од авторот Јасмина Миронски, познат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје“ од авторот Јасмина Миронски, познат новинар, комуниколог, доктор по политички науки, професор по новинарство и односи со јавност, беше промовирана вчера во рамки на Деновите на македонската култура, меѓународна културна манифестација во организација на Хрватско-македонската тангента којашто веќе дваесет години ги негува и развива односите помеѓу двете земји.

На свеченоста, којашто се одржа во „Civitas Sacra“ во Шибеник, модераторот Никола Урукало, еден од најпознатите шибенски новинари, нагласи дека авторот прави трилогија за светицата од Скопје, прво со објавувањето на монографијата на англиски јазик  Mother Teresa, Citizen of Skopje – Citizen of the World во 1997 г., потоа со книгата „Мајка Тереза – Светилката сè уште гори“ објавена на македонски, англиски и албански јазик во 1999 г. и последното издание Мајка Тереза – Гонџа од Скопје (светица за сиромашните) од Јасмина Миронски, печатено од издавачката куќа МИ-АН, коешто претставува заокружување на нејзиниот живот и дело откако Ватикан ја прогласува за светица.      

Урукало нагласи дека книгата нуди увид во животот и делото на Мајка Тереза ​​– родена како Гонџа Бојаџиу во Скопје – чија хуманост прерасна во универзална порака за солидарност, љубов и помош за луѓето, без оглед на националноста, религијата или потеклото.

Реклама
Културната манифестација „Денови на македонската култура“ почна вчера во Шибеник, а настанот ќе трае до 6 септември.  

На настанот, во присуство на бројни гости, беше истакнато дека Миронски е познат долгогодишен македонски новинар којашто работела во „Радио Скопје“, „Нова Македонија“, повеќе од 25 години била дописник на Агенцијата Франс Прес (АФП) од Париз, телевизиски продуцент за Worl Wide Television News- WTN и ATPN, соработувала со Newsweek, CNN, Die Welt, Los Angeles Times, Шведско радио, Telex, Vecernji list и многу други.  

Таа е автор на книгите Етика во односите со јавноста и Односи со јавноста и медиумите и ко-автор на монографијата Приказна за големиот визионер, креатор и градител Заре Лазаревски – Ски-центарот и Маврово. Уредник и приредувач е на книгата „Верувам во Македонија, говори на претседателот Борис Трајковски“.

Автор и ко-автор е на повеќе прирачници меѓу кои: Како до подобра комуникација со медиумите, Вештини за комуницирање и лобирање, Како да комуницирате сo медиумите, Иновативен начин на известување во медиумите за лица со попреченост, Односи со јавноста и ефективно комуницирање и други.

Добитник е на наградата за публицистика на Град Скопје  „13 Ноември“ ( 2001) и на американската награда за новинарство –  Breathtaking. (awarded  2018 George Polk Award for Environmental Reporting.)