Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Лефков: СДСM за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД 

Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДСM ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина. 

И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив.

Реклама

И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент.

Но, ставот на Филипче не е за разбирање.

Зошто? Затоа што покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите.

Зарем Филипче мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивка? Зарем Филипче мисли дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка?

Талогот на СДСM и Филипче покажуваат само едно грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните.