Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за рехабилитациски третмани на деца со попреченост на возраст од три до седум години.
Од тамошната локална самоуправа информираа дека целта на јавниот повик е обезбедување финансиска поддршка за рехабилитациски, дефектолошки, логопедски, сензорни, психолошки и други стручни третмани за деца со попреченост, со цел унапредување на нивниот психофизички развој и социјална инклузија.
– Право на користење парична помош има дете со попреченост кое е на возраст од 3 до 7 години, родителите или старателите да немаат вкупни месечни примања повисоки од 70.000 денари, да користи или да има потреба од рехабилитациски третмани препорачани од стручно лице. Паричната помош се доделува како еднократна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари по дете, соопштија од Општина Битола.

Помошта ќе се доделува до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Битола за оваа намена, а јавниот повик е отворен до 21 септември, нагласија од Општина Битола.
