Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

13 годишно дете се бори за живот откако синоќа бил избоден со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

13 годишно дете се бори за живот откако синоќа бил избоден со нож директно во срце од свој врсник во скопски Чаир. Крвава тепачка во Скопје меѓу тинејџери кои се пресметувале со ножеви и пендреци ја потресе јавноста. Двајца браќа се степале со група од три момчиња. Повредени се уште две деца.

„Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски на прес-конференција, вели Сашо Клековски, министер за здравство.

Освен малолетникот кој е во критична состојба, хоспитализирани се уште двајца учесници во инцидентот. Тие се во стабилна здравствена состојба. Според информациите од старата градска болница „Св. Наум Охридски“,едниот е сместен на одделот за интензивна нега со тешки повреди во пределот на градниот кош и рацете, додека другиот  е префрлен на соодветното болничко одделение со полесни телесни повреди..

Реклама

Полицијата ги обезбеди напаѓачите. . На 13 годишникот му помагал брат му кој има 19 години. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека насатнот е страшен и неопходен е поширок институционален одговор.

Станува збор за сторување на ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници каде што кривично-правниот општествен одговор е многу поинаков отколку кога станува збор за одговор насочен спрема полнолетни лица. Овде мораме како општество малку подлабоко да навлеземе и мора да има поширок институционален одговор – и од страна на надлежните министерства, и од сите општествени чинители, од родителите, социјалните центри, МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование, здравствените центри и Министерството за здравство. Навистина ова е еден од најужасните предизвици коишто ги имаме пред нас – порача Тошковски.

Полициски екипи веднаш извршиле увид на местото на настанот. Пронајдени и одезмени се три ножа, еден пендрек и други предмети.

Инаку, приведениот малолетник кој е роден во 2012-та, признал дека користел нож, а форензичката анализа треба да утврди дали со тоа оружје е нанесениот убод во срцето на неговиот врсник. Неговиот брат, неофицијално, одбил да даде исказ.