Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Нов туристички водич на англиски јазик за Гевгелија и регионот

Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денеска од печат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денеска од печат излезе туристички водич со наслов “Gevgelija Unveiled: A First-Time Visitor’s Handbook”, во кој на англиски јазик се претставени природните убавини и културните знаменитости на градот и регионот.

Од оваа установа велат дека целта на водичот е да ги запознае странските посетители на Гевгелија со основни податоци за неговата културна историја и традиција, археолошките особености, актуелните културни манифестации, духовниот живот низ вековите, природата, храната и сите други нешта и подробности кои ја прават оваа општина автентична и репрезентативна туристичка локација.

Покрај содржината посветена на културното и природното наследство, во водичот има и кратки прегледни информации за културните и спортските институции и друштва, кратки биографски белешки за историски личности од Гевгелија и регионот, како и за актуелни манифестации.

Реклама

Во изданието на 44 страници се вклучени 24 фотографии во боја, автор на текстот е Стефан Марковски, додека фотографиите се на Димитар Новаков. Уредник на изданието е Васил Тоциновски, а дизајнот на корицата е на Андонија Ичева.