Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Гаши на брифинг со новинарите, прв по завршување на одморот на пратениците

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе одржи брифинг со новинарите, прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе одржи брифинг со новинарите, прв по редовната летна пауза на пратениците, на кој ќе информира за следните активности на парламентот. 

Првата пленарна седница по одморот на пратениците е веќе закажана за среда, 2 септември. На 121. седница на дневен ред се 53 точки, меѓу кои именување вицегувернер на Народната банка, ратификации, предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, предлог-национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високите раководители.

По одбележувањето на Денот на независноста, 8 Септември, уште една нова седница е закажана за 11 септември, на која по утврдувањето на дневниот ред, ќе следуваат опозоциските прашања. 

Реклама

Засега на дневниот ред на оваа 122. седница ставени се шест точки, и тоа предлог-закон за изменување на Законот за застапувањето на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Предлог-законот за изменување на Законот за комуналните дејности, предлог-закон за изменување на Законот за градењето, предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, предлог-закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, сите по скратена постапка, и предлог-закон за државната ревизија, во прво читање. 

Минатата недела во парламентот веќе се одржаа седници на повеќе комисии, а пратениците имаа и други активности. 

Летната пауза на парламентот секоја година е во август.