Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Имаме амбиција, знаеме како да ја развиваме земјата и тоа е непроватен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме амбиција, знаеме како да ја развиваме земјата и тоа е непроватен пат. Прашањето е дали ќе го одиме тој пат или повторно ќе бидеме заглавени на дното и наместо да бидеме активни, ние повторно ќе бидеме реактивни, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Во последните една и пол година, Владата креирала 17 илјади нови работни места, што е повеќе од седумгодишната активност на ова поле на Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Реклама

„Оваа влада започнувајќи од третиот квартал во 2024 година, завршувајќи со вториот квартал во 2026 година има креирано 17 илјади нови работни места.  Од 691 илјади вработени до 708 илјади вработени. Ако тоа го преточите во бројки ќе сфатите дека претходната влада за седум години нема толку работни места“, вели Мицкоски.

Вложувањата во високата технологија и гранките што ја сервисираат, според премиерот, ќе трасираат развојниот пат на македонската економија, но и ќе помогнат на враќањето на младите во земјава,

„Очекувам голем дел од нашите, посебно млади коишто се наоѓаат надвор од Македонија да се вратат дома и токму тука да го продолжат животот со своите семејства, бидејќи тоа што можам да го видам, а посебно во Западна Европа, состојбата не е онаква каква што беше пред пет или десет години“, додаде премиерот.

Најголемиот дел од новоотворените работни места се во индустрискиот сектор.