Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Владата нема да се откаже од изградба на дата-центри и ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да се откаже од изградба на дата-центри и ќе го фати чекорот со кој се движи современото човештво, наместо да тоне во политичко мочуриште. Премиерот Христијан Мицкоски цврсто стои на ставот за изградба на национален дата-центар. Најави дека децнтарот ќе се гради со помош на грант и евтин заем од Европската Унија, согласно реформската агенда. Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата околу потрошувачката на електрична енергија и системите за ладење како чиста политизација и застарено познавање на работите.

„Ја слушам опозицијата, не ја познаваат материјата, ја полититизараат. Замислете мултинационални компании од трилиони долари, дали би имале толкава вредност ако влијаеле негативно врз квалитетот на животот на граѓаните? Дали ќе бидеме лидери или ќе бидеме на дното? Стојам позади изградба на дата-центри како политичар и инженер, Владата ќе го преземе институционалниот ризик. Опозицијата прашува кој ќе ја плател струјата, се разбира тој што ќе троши., вели Христијан Мицкоски претседател на Владата,

Новиот примарен дата-центар преку компјутерски систем ќе ги обедини сите државни институции во национален „облак“. Сите институции ќе имаат целосна сајбер-заштита. Во земјава веќе има еден секундарен дата центар, стациониран во Прилеп. Идејата е националниот центар да се поврзе со секундарниот во Прилеп, со што дополнително ќе се зголеми заштитата од хакерски напапади..

Реклама

Мицкоски направи паралела со земјите од Арапскиот Залив коишто од рибарски места станаа светски велесили благодарение на храбри визии. Во однос на критиките на опозицијата, тој ги потсети дека темелот на нивната економија беше марихуана, но Владата сега има друга стратегија која се темели на вештачка интелегенција.

„Оние кои патуваат во Арапскиот Залив се восхитуваат на големите згради и како е таму, но треба да знаат дека тие места пред 50 години беа рибарски места. Замислете шеикот Мохамед да не почнал да ја експлоатира нафтата, каде ќе биле тие денеска… Сите ние треба да одлучиме — ќе влеземе во политичко мочуриште или ќе го фатиме правецот во којшто се движи човештвото. Тие имаа марихуана и економијата на тоа се темелеше… Ние како Влада одиме со вештачка интелигенција“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата.

Инаку, политичката сцена на темава се разгоре откако Советот на Пехчево донесе одлука против изградбата на приватен дата-центар во нивниот регион поради загриженост за животната средина и потрошувачката на ресурси. Опозицискиот СДСМ веднаш ги поддржа локалните реакции и ја обвини Владата дека форсира штетни проекти кои ќе ги загрозат струјата и водата за граѓаните.

Инаку, изградбата на современи дата-центри носи директни придобивки. Од целосна сајбер-заштита, преку привлекување нови странски инвестиции, па се до отворање високоплатени работни места во ИТ-секторот.