Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Економија: Ќе се следат маржите, ќе се реагира на секое неоправдано поскапување.

Инспекторите на терен. Цените на производите се следат. Секој што ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекторите на терен. Цените на производите се следат. Секој што ќе се обиде да прифитира ќе биде ригорозно казнет. Државниот пазарен инспекторат од први септември ги засилува контролите по маркетите. Ќе се следат маржите кои ги ставаат трговците на производите и ќе се реагира на секое неоправдано поскапување. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вели дека инспекциските служби ќе проверуваат детално дали се почитува законот за фер практики, со цел заштита на стандардот на граѓните.

„Минатиот месец направивме контроли и во наредниот период, посебно во септември че се направи уште една контрола во рок од 2-3 недели, по што ќе ги соопштиме сите податоци. Се уште ги момниторираме, а ако треба ќе постапиме“, изјави Бесар Дурмиши, министерот за економија и труд.

Од економија додаваат дека доколку продолжи трендот на зголемување на цената на нафтата, за очекување е да поскапат производите. Но уверуваат дека доколку дојде до таков бран ќе се преземат дополнителни мерки. Министерот потенцира дека, засега се фокусирани на бруто маржите и ако има обид за изигрување како во минатото, кога трговците одлучувале да си стават дополнителна добивка и до 30%.

Реклама

„ Имаме два месеци по ред намалување ма цените во делот на прехрамбените производи. Да, имаше зголемување во делот на транспортот, се најавува дека ќе има зголемување на цената на нафтата, но сега за сега ситуацијата е стабилна. Ја мониторираме“, додаде Дурмиши. 

Паралелно, покрај мерките за заштита на стандардот на граѓаните, министерството за економија објави и две наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија. Со јавните повици се обезбедува конкретна поддршка во две значајни области – зајакнување на соработката меѓу компаниите и универзитетите преку заеднички проекти, како и воведување, имплементација и сертификација на стандарди и развој на практики на општествена одговорност.